Линкови за пристапност

Русија најави дека ќе внесе гориво во иранскиот нуклеарен реактор


Западните сили го обвинуваат Иран за обид да произведе нуклеарно оружје под изговор дека е ангажиран во нуклерна програма за мирнодопски цели, што Иран категорично го негира.

Русија соопшти дека на 21-ви август ќе почне со ставање на горивото во реакторот на првата иранска нуклеарна централа.

Портпаролот на Руската нуклеарна агенција, изјави дека полнењето на реакторот со гориво ќе биде клучен чекор за планираното пуштање во погон на нуклеарната централа во Бушер. Тој сепак додаде дека реакторот нема активно да работи на датумот на внесување на горивото.

Русија му помага на Иран да изгради нуклеарна постројка, но Москва ја заостри својата политика против другите нуклеарни активности на Иран изминативе неколку недели. Западните сили го обвинуваат Иран за обид да произведе нуклеарно оружје под изговор дека е ангажиран во нуклерна програма за мирнодопски цели, што Иран категорично го негира.

Претседателот Дмитриј Медведев неделава соопшти дека иако двете земји имаат активно трговско партнерство, Русија не е индиферентна на начинот на кој Иран ја развива својата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG