Линкови за пристапност

Роберт Гејтс ја фали руската соработка


Роберт Гејтс ја фали руската соработка
Роберт Гејтс ја фали руската соработка

Реакцијата главно се должи на неблокирањето на резолуцијата на ОН за зелено светло за воени операции против Либија

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вети дрматични промени во соработката со Русија додека ја започнува посетата на оваа земја, во чии рамки е и средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Гејтс ја издвои руската соработка во војната во Авганистан, како и нејзината поддршка во резолуциите на Советот за безбедност на ОН против Северна Кореја и Иран.

Американскиот секретар за одбрана ја пофали Русија и заради неблокирањето на резолуцијата на ОН што даде зелено светло за воени операции против Либија.

Москва ја критикуваше резолуцијата на ОН за воведување на зона на забранети летови над Либија, но апстинираше од гласањето во Советот за безбедност со кое се дозволи усвојување на мерката.

XS
SM
MD
LG