Линкови за пристапност

Медведев и Путин ветија одмазда за бомбашкиот напад на московскиот аеродром


Медведев и Путин ветија одмазда за бомбашкиот напад на московскиот аеродром
Медведев и Путин ветија одмазда за бомбашкиот напад на московскиот аеродром

Сведоци наведуваат дека човек со куфер влегол во делот за подигање на багажот и најверојатно го активирал експлозивот

Руските водачи ветија одмазда за нападот на бомбашот-самоубиец на најголемиот московски аеродром во понеделникот, во кој загинаа 35 лица, а најмалку 110 беа повредени.

Претседателот Дмитриј Медведев изјави дека „мора да се ликвидираат“ одговорните за нападот.

Премиерот Владимит Путин кажа дека „одмаздата е неизбежна“.

Медведев исто така упати остра критика за пропустите поради кои дошло до нападот, велејќи дека безбедноста на аеродромот е „во состојба на анархија“. Тој нареди засилено обезбедување на сите руски аеродроми и железнички станици.

Сведоци наведуваат дека човек со куфер влегол во делот за подигање на багажот и најверојатно го активирал експлозивот. Државната новинска агенција РИА-Новости ги цитира властите кои велат дека тој можеби бил придружуван од жена која му помогнала во нападот.

XS
SM
MD
LG