Линкови за пристапност

Медведев во ненадејна посета на северен Кавказ


Изјавата на Медведев беше директно пренесувана на телевизијата од јужната руска република Дагестан, каде во напади на двајца бомбаши-самоубијци средата загинаа најмалку 12 лица.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев четвртокот ненадејно го посети немирното подрачје на северен Кавказ, каде ги повика властите да воведат „енергични и строги“ нови мерки за борба против тероризмот.

Изјавата на Медведев беше директно пренесувана на телевизијата од јужната руска република Дагестан, каде во напади на двајца бомбаши-самоубијци средата загинаа најмалку 12 лица. Во два самоубиствени напада понеделникот во московското метро, пак, животот го загубија 39 патници.

Пред посетата, властите соопштија дека уште две лица загинале четвртокот во Дагестан во експлозија на нивниот автомобил. Според полицијата, тие најверојатно пренесувале бомба од домашно производство.

На гробиштата во Москва и во јужниот град Краснодар се одржаа погреби на жртвите на нападите.

Водачот на чеченските бунтовници Доку Умаров презеде одговорност за нападите во Москва, тврдејќи дека биле во знак на одмазда за убиството на цивили на Кавказ од страна на руските безбедносни сили. Умаров најави дека нападите против Русија ќе продолжат.

XS
SM
MD
LG