Линкови за пристапност

Медведев повика на нови закони против тероризмот во Русија


Ожалостените граѓани во Москва вторникот положуваа цвеќе, палеа свеќи и истакнуваа фотографии на загинатите пред двете метро станици каде се случија нападите.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев побара да се усвојат нови закони за борба против тероризмот во време кога официјална Мосва прогласи ден на жалост за 39-те лица загинати во двата самоубиствени напади во московското метро во понеделникот.

Во телевизиско обраќање, претседателот побара и нови безбедносни мерки во јавниот превоз и на други јавни места.

Ожалостените граѓани во Москва вторникот положуваа цвеќе, палеа свеќи и истакнуваа фотографии на загинатите пред двете метро станици каде се случија нападите.

Руската православна црква одржа богослужба за загинатите, а телевизиските станици ги откажаа сите забавни програми. Метрото во Москва вторникот продолжи со нормалната работа.

Засега никој не презеде одговорност, но властите наведуваат дека нападите во самиот центар на рускиот главен град ги извеле две жени поврзани со исламски бунтовници во јужните републики на Русија, каде владее немирна ситуација.

XS
SM
MD
LG