Линкови за пристапност

Најмалку 35 загинати во напад на бомбаш-самоубиец на моковскиот аеродром


Најмалку 35 загинати во напад на бомбаш-самоубиец на моковскиот аеродром
Најмалку 35 загинати во напад на бомбаш-самоубиец на моковскиот аеродром

Сведоци велат дека патниците покриени во крв веднаш по експлозијата во паника се стрчале кон излезите за итни ситуации. ром Домодедово

Најмалку 35 лица загинаа, а преку 145 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во делот за меѓународни пристигања на московскиот аеродром Домодедово.

Сведоци велат дека патниците покриени во крв веднаш по експлозијата во паника се стрчале кон излезите за итни ситуации. Медиумските видео-извештаи прикажаа безживотни тела во просторијата исполнета со чад и ранети на носилки.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев рече дека се работи за терористички напад и вети дека одговорните за него ќе бидат пронајдени и казнети. Медведев нареди зголемена безбедност на сите транспортни јазли во Русија.

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот како срамен и понуди американска поддршка на Русија.

XS
SM
MD
LG