Бројот на смртни случаи во Москва се удвои на 700 дневно, соопштија руски здравствени лица во време кога рускиот главен град трета недела по ред ги чувствува последиците на несекојдневните горештини и чадот од шумските пожари.
Првиот човек на Здравствената управа на Москва Андреј Селсовски понеделникот изјави дека просечниот број на смртни случаи од 360 до 380 забележал нагол пораст. Некои мртовечници во градот се преполни.
Концентрацијата на јаглерод моноксид и други загадувачи во московскиот воздух саботата и неделата беше седумпати поголема од безбедното ниво, а понеделникот за два до трипати.
Руската државна метеоролошка служба вели дека топлотниот бран што ги зафати Москва и другите делови на земјата е најлошиот досега. Дневните температури достигнаа до 38 степени Целзиусови – значително повеќе од просечните 24.
Тешката суша во Русија се одрази на жетвата на жито и ги накачи неговите цени на глобалниот пазар. Русија е еден од најголемите извозници на жито.
Руската државна метеоролошка служба вели дека топлотниот бран што ги зафати Москва и другите делови на земјата е најлошиот досега.