Линкови за пристапност

Разладување на Хонконг со зеленило на покривите?


Разладување на Хонконг со зеленило на покривите?
Разладување на Хонконг со зеленило на покривите?

Индустријата на поставување на „зелени“ кровови добро функционира во Европа, конкретно во Германија и во азиските земји како Сингапур и Јапонија. Северна Америка почнува да конкурира на пазарот.

Џим Чи Јанг, професор по географија на Универзитетот Хонконг, го постави првиот таканаречен „зелен“ покрив на врвот на една од зградите на универзитетот. Тој се обидел да открие како растенијата и тревата на тој покрив влијаат на системот на греење и ладење.

Покривот бил поделен на четири дела, едниот направена само од цемент, а трите други покриени со различни растенија. На првиот дел била насадена трева, на вториот растение со жолти цветови, а на третиот грмушки.

„Открив значителна разлика меѓу трите видови на вегетација во однос на бенефициите за животната средина“, вели професорот Чи Јунг.

Преку ултравиолетови сензори поставени меѓу растението и покривот, Џим открил дека покривите со растенија ја намалуваат температурата на површината на кровот за околу 26 степени целзиусови.

На бетонскиот покрив може да се измери температура и до 50 степени во топол летен ден, додека на зима, покривите со растенија помагаат за задржување на топлината. Во превод, ова би значело намалување на трошоците за греење и за ладење.

Студијата на овој професор добива на популарност. Кровот на библиотеката на универзитетот веќе е покриена со растенија, а тој веќе истражува кои растенија можат најдобро да ја издржат интензивната сончева светлина во Хонконг и можат да виреат на тенок слој почва.

Тој планира да развие лесен „зелен“ покрив за постарите соседства во градот, бидејќи старите згради во тие области не можат да издржат дополнителна тежина на нивните кровови.

Експерти од градежништвото и енергијата велат дека многу градови во топлите клими како Хонконг, никогаш не употребиле изолација и други мерки за заштеда на електричната енергија.

Џон Херберт е енергетски научник и директор на Келкрофт, консултатска компанија за заштита на животната средина со седиште во Хонконг. Тој вели дека земјите со брзо темпо на развој како Кина и Индија, можат значително да ја намалат употребата на енергија, преку избегнување на грешките што ги направиле западните земји на пример.

Индустријата на поставување на „зелени“ кровови добро функционира во Европа, конкретно во Германија и во азиските земји како Сингапур и Јапонија. Северна Америка почнува да конкурира на пазарот.

Сепак, и покрај сета корист, побарувачката на „зелени“ кровови во Хонконг и натаму е релативно мала. Жителите стравуваат дека поставувајќи растенија на крововите ќе води до распукување на ѕидовите, протекување, појава на комарци и други инсекти. Тука е и загриженоста од цената за инсталирање на таков кров и од трошоците за негово одржување.

Засега, иницијативата за креирање на вакви „зелени“ кровови во Хонконг е волонтерски, непрофитен напор што не добива големо внимание од јавноста. Експертите повикуваат дека владата треба да стори повеќе. Професорот Џим Чи Јанг се надева дека напорот за „зелени“ кровови во Хонконг ќе ги следи стапките на Сингапур – со градинарење на крововите на зградите, произведувајќи свежо овошје и зеленчук.

XS
SM
MD
LG