Линкови за пристапност

Херман ван Ромпуј во посета на Македонија


Херман ван Ромпуј во посета на Македонија
Херман ван Ромпуј во посета на Македонија

Херман ван Ромпуј исто така нагласи дека голема важност за Македонија ќе бидат и областите како судството, владеењето на правото, ефикасноста на јавната администрација и слободата на говорот.

Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј по средбите со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, ги најави темите што ќе бидат актулени на престојниот годишен извештај на ЕК за напредокот на Македонија во европските интеграциски процеси.

„Со премиерот се сложивме дека приклучувањето на оваа земја кон ЕУ е од клучна важност за вас и дека тоа ќе придонесе за намалување на невработеноста и привлекување на странските инвестиции“, изјави ван Ромпуј.

Издвојувајќи ги овие теми од социјален карактер претседавачот на Европскиот Совет ги потврди претходно неофцијалните информации за тоа дека ЕК во новиот извештај ќе посвети посебно внимание на социјалната ситуација во државата која ја карактеризира највисока стапка на невработеност во Европа од речиси 33%.

Херман ван Ромпуј исто така нагласи дека голема важност за Македонија ќе бидат и областите како судството, владеењето на правото, ефикасноста на јавната администрација и слободата на говорот.

„Се разбира една од главните теми на овие разговори беше проблемот со Грција кој го оневозможува Советот на ЕУ да даде зелено светло за старт на преговри“, рече тој. Ромпуј нагласи дека влезот на Македонија во ЕУ може да биде едно од решенијата за наведените проблеми на Македонија и особено оние од социјален карактер.

„Верувам дека постои можност да се дојде до решение и сметам дека не треба да се пропушти оваа единствена шанса да се мине низ вратите на ЕУ“, изјави Ромпуј.

Неговиот кус престој во Скопје предизвика низа реакции. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ посетата на Ромпуј на Скопје е јасна поддршка за продолжување на процесот на реформите. Од своја страна опозицискиот СДСМ смета дека во изјавата на претседателот на Европскиот Совет може да се препознае дека Македнија од прв вагон во интеграцискиот воз на Балканот сега е последна.

XS
SM
MD
LG