Линкови за пристапност

Конзервативните активнисти ја туркаат Републиканската партија на десно


Конзервативните активнисти ја туркаат Републиканската партија на десно
Конзервативните активнисти ја туркаат Републиканската партија на десно

Додека поконзервативните републиканци се обидуваат да ја свртат партијата повеќе на десно, умерените се најмногу на удар.

Во голем број политички трки во земјата, се јавуваат тензии меѓу некои традиционални републикански кандидати и поконзервативни политичари кои сакаат да ја вратат партијата на она што веруваат дека се оригиналните, поконзервативни корени.

Земете го случајот со сенатската трка во Флорида што привлекува национално внимание.

Во 2008-та републиканскиот гувернер на Флорида, Чарли Крист беше толку популарен, што некои републиканци го сметаа за можен потпретседателски кандидат на поранешниот кандидат за претседателската функција, Џон Мекејн.

Пред нешто помалку од две години, Крист ја напушти Републиканската партија и во трката за сенатско место во Флорида, настапува како независен кандидат, откако сфатил дека за него ќе биде невозможно да победи на првичното гласање од редовите на партијата.

Крист ја напушти партијата откако се покажа дека заостанува зад поранешниот државен законодавец Марко Рубио меѓу партиските гласачи.

Според најновите испитувања на јавното мислење, Крист сега изгледа дека има подобри шанси да го добие сенатското место како независен кандидат.

Политичкиот експерт Стивен Вејн од Универзитетот Џорџтаун вели дека случајот на Крист како независен кандидат има повеќе шанси да им наштети на републиканците, отколку да им помогне.

Тој на одлуката на гувернерот Крист да биде независен кандидат гледа како на најнов пример за се` популарниот тренд во американската политика.

Рос Бејкер е политички аналитичар од Универзитетот Рутгерс. Тој вели дека во последните неколку години умерените во обете партии се` почесто се истиснувани од редовите.

„Најгласните и најактивни членови на од обете партии, од Демократската партија вообичаено тоа се најлибералните, а од Републиканската, тоа се најконзервативните. Затоа, луѓето кои не влезат во категоријата вистински демократ или вистински републиканец, најверојатно ќе настрадаат“, вели Бејкер.

Во случајот на трката за сенатско место во Флорида, камапањата на републиканецот Марко Рубио е потпомогната од таканареченото движење Tи парти. Конзервативните активисти од групата го поддржуваа Рубио уште од самиот почеток, велејќи дека е поподобен конзервативец споредено со гувернерот Крист.

Експертите велат дека ова е сценарио што може да биде употребено и во другите трки низ земјата во наредните неколку месеци.

Краткорочно, многумина аналитичари веруваат дека енергијата што ја креираат движења како Ти парти, ќе им помогне на републиканските кандидати за време на ноемвриските избори. Се очекува дека демократите ќе имаат поголем предизвик во мотивирањето на нивните симпатизери за да гласаат на престојните избори.

Но, историски гледано, партијата која ја контролира Белата куќа, го губи мнозинството во Конгресот на наредните избори.

XS
SM
MD
LG