Линкови за пристапност

Извештај: „Чудото на Хадсон“ резултат на среќа и вештина


Американско тело што го истражувало случајот вели дека пилотот донел правилна одлука.

Американска панел група за безбедност во сообраќајот вели дека комбинација од вешто пилотирање и среќа, помогнале да се спасат човечки животи, кога патнички авион минатата година принудно слета во реката Хадсон во Њујорк.

Во својот извештај, Националниот борд за безбедност во сообраќајот вели дека пилотот Чесли Саленбергер донел правилна одлука да го спушти авионот во реката наместо да се обиде да се врати на аеродромот.

Откако пилотот и екипажот го спуштале авионот во водата, во извештајот се наведува дека повеќето од 155-те патници и членови на екипажот преживеале со тоа што чекале на гумени лизгалки што биле користени како душеци.

Сепак, сосема случајно авионот имал ваква опрема, бидејќи според законот, само авиони кои сообраќаат на подолги релации над вода мора да бидат така опремени.

Во извештајот се наведени 30-тина предлози за подобрување на безбедносните регулативи, вклучувајќи ја и потребата сите авиони да бидат опремени за безбедно слетување на вода.

XS
SM
MD
LG