Линкови за пристапност

Рикер: Се` уште веруваме дека може да се најде решение


Рикер: Се` уште веруваме дека може да се најде решение
Рикер: Се` уште веруваме дека може да се најде решение

Американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер го пренесе оптимизмот на Вашингтон дека решение е можно, а она што влева надеж се зачестените средби меѓу премиерите на Македонија и Грција.

САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО, но не можат да бидат сигурни дали тоа ќе се случи до самитот на НАТО наесен. Американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер четвртокот го пренесе оптимизмот на Вашингтон дека решение е можно, а она што влева надеж се зачестените средби меѓу премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу.

„Ќе има самит на НАТО што ќе се одржи во Лисабон во ноемрви. Тоа не е самит за проширување, но ние многу би сакале да ја видиме Македонија како полноправно поканета земја. Тоа, очигледно, бара решавање на проблемот. Задоволни сме од напорите на двајцата премиери кои се сретнаа во неколку прилики. Се` уште веруваме дека е можно да се најде решение за проблемот, што ќе ги исполни барањата на двете земји“, изјави Рикер.

Американскиот дипломат присуствуваше на промоција на новиот проект за развој на комуникациите во македонското Министерство за одбрана, вреден 5 милиони и 800 илјади долари, помогнат од САД.

Тоа, според министерот за одбрана Зоран Коњановски, е уште една алка која придонесува за зацврстување на македонско-американското партнерство во одбраната.

„Овој проект подразбира инсталирање и современо интегрирано поврзување на 17 потсистеми на полигинот Криволак и оддалечени локации за комуникација со АРМ, што е во насока на обезбедување на дополнителна кохезија, контрола и се разбира, подобрена интероперабилност на командно-контролните, комуникациските и информациските функции“, рече Коњановски.

XS
SM
MD
LG