Линкови за пристапност

Рибок не го затега задникот!


Рибок не го затега задникот!
Рибок не го затега задникот!

Производителот на спортска опрема се согласи да плати отштета од 25 милиони долари по тужбата дека ги завел потрошувачите во реклами

Производителот на спортска опрема Рибок се согласи да плати отштета од 25 милиони долари по тужбата од американската влада дека ги завел потрошувачите со тврдењето дека неговите производи ги зајакнуваат мускулите на нозете и задникот.

Рибок, кој е дел од германскиот гигант за атлетска опрема Адидас, во рекламите тврдеше дека спортските чевли и апостолките од марката „Изи тон“ и патиките „Ран тон“ ги затегнуваат мускулите на нозете и задникот. Чевлите и патиките на Рибок чинат по 100 долари.

Американската организација за заштита на потрошувачите - Федералната трговска комисија, вчера донесе одлука дека Рибок не може да ги докаже тврдењата во рекламите. Претставникот на Комисијата Дејвид Владек рече дека таа долго време го истражувала тврдењето на компанијата и не нашла докази за веродостојноста. Тој додаде дека рекламирањето мора да биде поткрепено со докази пред да се изнесе тврдење како она на Рибок.

Според постигнатиот договор, потрошувачите кои купиле патики на Рибок можат да побараат да им се вратат парите или пак да учествуваат во тужба заедно со други купувачи.

XS
SM
MD
LG