Линкови за пристапност

Денес зад решетки, утре претприемачи


Денес зад решетки, утре претприемачи
Денес зад решетки, утре претприемачи

Затворенички во Орегон се обучуваат за мали бизниси, учат за успехот во животот

На прв поглед изгледа како типичен бизнис-курс во јавен колеџ. Сепак, се работи за Поправниот центар „Кофи крик“, затвор за жени во сојузната држава Орегон. На курсот затвореничките учат како да започнат бизнис кога ќе излезат на слобода. Организацијата Мерси корпс нортвест ја започнала програмата пред четири години. Заменик-директорот Даг Купер вели дека се базира на искуството на Мерси корпс во помошта за странство.

„Разгледуваме начини за примена на нашата експертиза во економскиот развој и менаџментот на мали бизниси. Слично е на она што го правиме на меѓународен план, со таа разлика што во случајов го применуваме во Орегон и Вашингтон“, вели Купер.

Организаторите се надеваат дека курсот од осум месеци не само што ќе им помогне на затворениците да започнат бизнис, туку и да се трансформираат во успешни луѓе на кои општеството може да смета во иднина.

Лори го завршила курсот додека била во затвор заради кражба и во моментов води механичарска продавница. Дури и сега, кога има свој бизнис, стравува од сенката на тоа дека еднаш била затвореник.

„Работам напорно и внимавам муштериите да бидат задоволни. Познато е дека лошиот брзо збор се шири“, вели Лори.

По обуката продолжила да соработува со притворниот центар, нудејќи да биде ментор.

Програмата, барем според статистиката, дава резултати. Само 3 од 100-те кои ја минале се вратиле во зад решетки. Бившите затвореници отвориле бизниси за достава на пратки, козметички салони, штандови за сувернири...

Даг Купер се надева дека програмата ќе ја користат и други затвори ширум САД. Според најновите податоци, во САД има околу 1,5 милиони затвореници.

Сареса Витли, освен во бизнисот, планира да го примени наученото и во приватниот живот.

„Кога влегувам во училницата, веќе не сум број, јас сум личност. Ме научија да си поставам цели, нешто што го немав претходно. Ја немав надеж дека можам да направам нешто поразлично“, раскажува Витли.

XS
SM
MD
LG