Линкови за пристапност

Светски ден на слободата на печатот


Репортери без граници именува 40 узурпатори на слободата на печатот.

Група што ги следи медиумите, Репортери без граници, ги именуваше претседателите на Кина, Куба и Иран меѓу 40-те најголеми узурпатори на слободата на печатот.

Листата беше објавена во понеделникот на Светскиот ден на слобода на печатот. Групата ги посочува и рускиот лидер Владимир Путин, севернокорејскиот Ким Јонг Ил и бурманскиот Тан Шве, како непочитувачи на слободата на медиумите.

Групата вели дека наведените на листата се „влијателни, опасни, насилнички и се сметаат за над законот.“ На неа се и лидерот на Талебан, мексиканските картели за дрога, израелските одбрамбени сили, баскиската сепаратистичка група ЕТА, палестинската милитантна група Хамас и филипинската приватна паравојска.

Во извештајот на Репортери без граници годинава не се вклучени ирачките исламистички групи, велејќи дека насилството во Ирак продолжува, но новинарите повеќе не се цел на нападите.

Групата наведува дека годинава во светот биле убиени деветмина новинари, а близу 300 се во затвор.

XS
SM
MD
LG