Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, којшто во САД ќе учествува на 69-тото Генерално собрание на ОН, синоќа одржа предавање на Универзитетот Јејл во сојузната држава Конектикат. Иванов говорел на тема „Македонскиот модел на соживот – традиција на почитување на разновидноста“. Според информацијата од Интернет-страницата на Иванов, по говорот настапил Женскиот хор од Катедрата за славистика на Јејл со традиционални македонски песни.
Македонскиот претседател одржа предавање на тема „Македонскиот модел на соживот – традиција на почитување на разновидноста“.