Линкови за пристапност

Иванов во Вашингтон за Молитвениот појадок


Иванов во Вашингтон за Молитвениот појадок
Иванов во Вашингтон за Молитвениот појадок

Македонскиот претседател ќе се сретне и со претставник на Стејт департментот и со редица сенатори и конгресмени, а ќе го посети и Мировниот корпус

Шефот на македонската држава неделава Ѓорге Иванов е во Вашингтон по повод традиционалниот молитвен појадок. На 59-от годишен редовен собир во четврток ќе учествуваат претседателот на САД Барак Обама, американски конгресмени и сенатори, како и државници и други истакнати лица од целиот свет.

Иванов денес има одвоени средби со претставник на Стејт департментот, со првите луѓе на организацијата Атлантски совет и со сенаторите Џон Мекејн, Џозеф Либерман и Џејмс Инхов. На дневен ред на македонскиот претседател се и посета на Мировниот корпус и средби со редица сенатори и конгресмени, како и претставници на дијаспората.

XS
SM
MD
LG