Линкови за пристапност

Во ноември ќе се гласа за легализирање на марихуаната


Во ноември ќе се гласа за легализирање на марихуаната
Во ноември ќе се гласа за легализирање на марихуаната

Орегон е една од 14-те сојузни држави во САД на чии граѓани им е дозволено да ја користат марихуаната за медицински цели.

Орегон е една од 14-те сојузни држави во САД на чии граѓани им е дозволено да ја користат марихуаната за медицински цели. Сепак тие не можат да ја купат по легален пат, мораат сами да ја одгледуваат или да најдат некој кој ќе го прави тоа за нив. Од една страна има организации во Орегон што се залагаат за промени и за следење на примерот на Калифорнија, но има и такви кои се против. Сето ова ќе биде ставено на тест на гласање во ноември.

Грин Харт е диспанзер за марихуана за медицински цели во Маунт Шаста, Калифорнија. Бројни муштерии доаѓаат во продавницата, чекаат додека вработен ги проверува нивните легитимации. Штом ќе бидат одобрени, можат да ја купат марихуаната.

За само нешто повеќе од десет минути, неколку муштерии купуваат марихуана во вредност од околу 240 долари. Еден од нив е Тим Скарборо, воен ветеран кој го повредил своето колено во несреќен случај за време на обука. Тој вели дека марихуаната му помага да ја контролира болката и дека не може дома да одгледува поголеми количини од ова растение.

Тери Бартон, пак, има биполарно пореметување, но признава дека користела марихуана уште како тинејџер, пред гласачите во Калифорнија да го одобрат користењето на марихуаната за медицински цели во 1996-та година. Таа додава дека е многу полесно да се купи растението во диспанзер, отколу од дилери на улица. Бартон тврди дека марихуаната и` помага за нејзината здравствена состојба, но не објаснува како. „Едноставно марихуаната е лек за мене“, вели таа.

Само малу подолу од Грин Харт, во градот Реку, е друга приказна. Градскиот совет го забрани постоењето на овие објекти, велејќи дека не одговараат на семејниот имиџ што овој град се обидува да го креира.

Оттука, властите во сојузната држава Орегон пак тврдат дека давањето зелено светло на користењето на марихуана, може да резултира со нејзина злоупотреба.

Надлежните се `уште немаат одговор на прашањето дали употребата на марихуаната е заради ублажување на болка или за профит.

Гласачите на Калифорнија во ноември ќе кажат дали да се легализира употребата на марихуаната, и тоа не само за медицински цели.

Во Орегон пак ситуацијата е поинаква. Во оваа сојузна држава преку Мерката 74, се бара проверка на вработените во диспанзерите за марихуана за криминално досие. Диспанзерите и одгледувачите на растението ќе треба да се регистрираат на сојузно ниво.

Можноста да може да се купи марихуана во локална продавница многумина ја гледаат како грижа за оние на кои таа им треба, но и за профит – зашто државата ќе добива десет проценти од продажбата.

XS
SM
MD
LG