Линкови за пристапност

Средба Груевски-Ахмети


Средба Груевски-Ахмети
Средба Груевски-Ахмети

По средбата немаше изјави за медиумите. Експертите сметаат дека јавноста се избегнала поради чувствителноста на прашањето за кое се разговарало.

На ДУИ, партнерот во владината коалиција му се брза да се реши проблемот со името и да се деблокира процесот на евро-атлантските интеграции на Македонија. Оваа партија истапи со барање да биде донесен политички и етнички консензус за решавањето на спорот со Грција. Статус-кво позицијата е тешко издржлива за ДУИ чие гласачко тело очекува влез на Македонија во НАТО на самитот на Алијансата во ноември, како и почеток на преговори за членство со ЕУ во јули.

Со вакви ставови, усвоени на претседателството на ДУИ, водачот на партијата Али Ахмети го посети премиерот Никола Груевски. По средбата немаше изјави за медиумите. Експертите сметаат дека јавноста се избегнала поради чувствителноста на прашањето за кое се разговарало.

Неодамнешната средба на Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу во Брисел, како и позициите на владата за спорот со името биле централните теми за кои вторникот во владата разговараа Груевски и Ахмети, велат во ДУИ.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценуваат дека станува збор за редовна средба.

„Отсуството на политичка волја да се реши проблемот доведува до постојан пад на рејтингот на ДУИ. Овие разговори во Владата јас ги гледам во склоп на сигурноста на ДУИ дали конечно премиерот има сериозна волја да го реши проблемот со името“, вели Мерсел Билали.

ДУИ исто така го потенцира и ставот дека проблемот треба да се реши за време на шпанското претседателство со ЕУ и остануваат на барањето Албанците да бидат дел од решението за името.

„Тоа е сосема во ред, треба да бидат дел од тоа решение. А, оние услови кои се поставуваат - јас би сакал утре да се реши проблемот со името зашто очигледно не `оптоварува. Од друга страна, за решение требаат двајца. Ако Грција продолжи со ставот дека - еве ги нашите црвени линии - толку, тогаш ние немаме преговори, имаме ултиматум“ коментира политикологот Владимир Божиновски.

Инаку, по последната средба на Груевски со Папандреу не е пораснат оптимизмот во јавноста за тоа дека може да дојде до решение на спорот до крајот на јуни, кога истекува мандатот на шпанското преседатество, кое, пак, планираше спорот да се реши и Македонија на самитот на ЕУ да добие датум за преговори.

Професорите Љубомир Фрчковски и Ризван Сулејмани ни рекоа дека не очекуваат проблемот да се реши до јуни без поголем ангажман на меѓународните фактори.

XS
SM
MD
LG