Линкови за пристапност

Можни промени во американската политика?


Можни промени во американската политика?
Можни промени во американската политика?

Историски гледано, партијата што ќе ја добие Белата куќа, го губи мнозинството во Конгресот на наредните избори.

Неодамнешните испитувања на јавното мислење раскажуваат приказна за се` поголемата фрустрација на глсачите што најверојатно ќе им помогне на опозиционите републиканци, а ќе им наштети на демократите на ноемвриските конгресни избори.

Според најнова анкета на ТВ-мрежата Ен-Би-Си и весникот Вол стрит џурнал, рејтингот на претседателот Обама изнесува 50 проценти. Но, околу една третина од испитаниците речиси никогаш не и` веруваат на владата, изразувајќи ја лутината и фрустрацијата што најверојатно ќе одрази на конгресмените што ќе се кандидираат за реизбор, особено демократите кои во моментов имаат мнозинство и во Сенатот, и во Претставничкиот дом.

Демократскиот политички стратег Џејмс Карвил смета дека демократите треба најдат да ги мобилизираат своите симпатизери, и тоа што е можно поскоро, доколку сакаат да парираат на интензитетот на републиканските гласачи во ноември.

„На демократите им е потребна стратегија за внесување на нова енергија кај нивните гласачи“, смета Карвил.

Сепак, и некои републикански кандидати годинава веќе го почувствуваа незадоволството на гласачите, во голем дел заради тврдокорните конзервативни активисти од движењето „Ти-парти“.

Сенаторот од сојузната држава Јута Боб Бенет неодамна не успеа да се кандидира за четврти мандат на функцијата, кога симпатизери на движењето се свртеа против него на републиканска конвенција за именување на изборни кандидати, главно заради фактот што ја поддржал мерката за спас на одредени банки во САД поднесена од тогашниот претседател Џорџ В. Буш.

Скот Фокнер е долгогодишен републикански активист кој работел во владата на претседателот Роналд Реган и за републиканците во Конгресот. Вели - „Ти-парти“ движењето внело нова енергија во партијата.

„Јас всушност работам со локалните симпатизери на движењето во Западна Вирџинија и има многу кои вообичаено би гласале во полза на републиканците. Во моментов владее одреден фактор на жестокост и годинава се поангажирани од порано“, вели Фокнер.

Најновите анкети покажуваат дека републиканците полни со енергија ги очекуваат конгресни избори, најповеќе поаради тоа што имаат спротивни ставови со претседателот Обама и се загрижени за владините трошоци и долгот.

Политичкиот аналитичар Џон Фортие од Институтот Американ ентерпрајс ги истражува прашањата што ги мотивираат активистите од „Ти-парти“.

„Тие се грижат за владата, за големината на владата и за тоа да не се донесуваат големи одлуки набрзина. Не им се допаѓа политиката на Обама“, вели Фортие.

Експертот додава дека растот на популарноста на „Ти-Парти“ ќе им помогне на републиканците во ноември да освојат повеќе места во Претставничкиот дом и Сенатот.

Историски гледано, партијата што ќе ја добие Белата куќа, го губи мнозинството во Конгресот на наредните избори.

XS
SM
MD
LG