Линкови за пристапност

Американските комичари – во политика


Американските комичари – во политика
Американските комичари – во политика

Комичарите Џон Стјуард и Стивен Колбер велат дека имаат намера да го вратат разумот во американската политика.

Многумина Американци чувствуваат дека политиката во САД стана премногу поларизирана. Во јавноста постои голема доза на цинизам и меѓу самите политичари. Американците велат дека им веруват на комичарите како Луис Блек. Неговото неодамнешно шоу во Вашингтон беше распродадено до последно место. Тој е популарен заради редовните гостувања на сатирична емисија за политички настани "Daily Show with Jon Stewart."

Овој комичар е препознатилив по неговиот гнев и несогласување со начинот на кој се води политичкиот процес и за тоа како е прикажан во медиумите.

Комичарите го обликуваат јавното мислење во оваа земја како никогаш досега. Анкетите покажуваат дека особено младите Американци се` повеќе следат комични емисии како главен извор за информирање.

Колет Фозард вели дека комичниот осврт на Блек на вестите, е корисен.

„На одреден начин може да обрне внимание на хипокризијата за голем дел од она што се случува. За мене функционира, ми помага да почнам да размислувам“, смета таа.

Политичарите се обидуваат да ја искористат популарноста на овие емисии.

Претседателот Обама неколкупати досега бил гостин на „Дејли шоу“ да дискутира за сериозни политички прашања.

Влијанието на комичарите расте во време кога традиционалните медиумски куќи ја губат публиката.

Марвин Калб минал 30 години во Си-Би-Ес и Ен-Би-Си Њус. Тој вели дека овој тренд станува опасен.

„Со тоа што тие стануваат главен извор на информации, се поставува прашањето дали комичарите почнуваат да го заземаат местото на Волтер Кронкајт или Едвард Муроу? Изгледа дека е така. Луѓето почнуваат ова да го сфаќаат сериозно и почнуваат да мислат дека шегата е реалност“, изјави Калб.

Џон Стјуард и Стивен Колбер велат дека имаат намера да го вратат разумот во американската политика. Затоа ја повикуваат својата публика од цела Америка да учествува во политичкиот собир во Вашингтон викендов. Собирот ќе биде своевиден тест за тоа колкаво влијание комичарите како Стјуард и Колбер имаат на власта во земјата – а тоа, само по себе, не е шега.

XS
SM
MD
LG