Режисерот Роман Полански вели дека „не може повеќе да молчи“ по американските барања за негова екстрадиција од Швајцарија и дека случајот против него е неправеден.
Во неговата прва изјава откако САД во септември побараа да биде предаден во американска надлежност, Полански вели дека САД барањето го дале „на послужавник на медиумите.“
Тој истакна дека судијата во случајот го „изневерил“ уште пред 33 години, кога се премислил откако иницијално се договорил со неговите адвокати.
Швајцарските власти чекаа да завршат сослушувањата по случајот во Калифорнија, за да одредат како ќе постапат по барањето за екстрадиција на познатиот режисер.
На 22-ри април, Апелациониот суд во Калифорнија ги отфрли барањето на Полански да му биде судено во отсуство по обвиненија за незаконски сексуални односи со малолетничка во 1977-та година.