Линкови за пристапност

Пластика од овошна целулоза


Пластика од овошна целулоза
Пластика од овошна целулоза

Научници во Бразил претвораат овошни целулозни влакна во делови за автомобили. На неодамнешна средба на Американското друштво на хемичари, истражувачите ја опишале нивната работа на производство на следната генерација на автомобилски делови од природни влакна од банани, ананас и друго тропско овошје. Оваа пластика на биолошка основа не содржи петролеј.

Алсидес Лео е директор на лабараторијата при Универзитетот Сао Паоло. Оттаму велат дека гледаат вредност во земјоделското ѓубриво, дотаму што се обидуваат да додадат вредност на добра со ниска вредност. Едно од нив е целулозата во растенијата.

„Ја издвојуваме целулозата од листовите или стеблата, а потоа и од другите делови на растението. Целулозата е клучен суров материјал“, вели Лео.

Оваа мешавина на целулоза базирана на биолошки компоненти се користи како пластика за автомобилски делови. Идејата е од раните 1990-ни години и беше успешно применета од страна на Тојота. Лабараторијата во Сао Паоло воведува новина во количината на тој материјал употребен за правење пластика.

Листовите и дршките од бананите, ананасот и другото овошје со дебеле кора, се ставаат во специјална направа слична на лонец што функционира на притисок. Се додаваат одредени хемикалии и крајниот резултат е лесен материјал што наликува на талк.

Експертите велат дека притоа се добива можност за префрлање од таканаречена микро-скала на нано-скала.

Без оглед на тоа што е скапа, потребно е помалку од половика килограм нано-целулоза, за да се произведат 45 килограми исклучително цврст, но лесен пластичен материјал.

Пластиката добиена врз база на нано-целулоза е за 30 проценти полесна и до четири пати поцврста од пластиката базирана на нафта. Алсидес Лио вели дека таа помага автомобилот да биде поиздржлив, економичен во потрошувачката на гориво и подобра за еколошката средина.

Пластиката базирана на нано-целулоза има други предности споредено со конвенционалната пластика вклучувајќи поголема отпорност на штети од топлина, вода и протекување на бензин. Лио очекува автомобилските длеови базирани на нано-целулоза да се појават на пазарот во рок од две години. Тој предвидува дека производот во иднина може да го замени и челикот и алуминиумот.

XS
SM
MD
LG