Сомалиски пирати ги убиле четворицата Американци од јахтата грабната петокот во Индискиот Океан, соошти американската армија. Во изјавата на Американската централна команда се наведува дека американските сили денес слушнале истрели на јахтата СВ Квест сосека се обидувале да преговараат со грабнувачите. Единица за брзи реакции потоа упаднала на јахтата и утврдила дека пиратите ги застрелале заложниците. И покрај итно укажаната медицинска помош, грабнатите починале.
Во акцијата биле убиени двајца пирати, а 13 заробени.
Медиумите ги идентификуваа загинатите заложници како Скот и Џин Адам од Марина дел Реј во Калифорнија и Филис Макај и Боб Ригл од Сиетл, сојузната држава Вашингтон.