Линкови за пристапност

Пентагонски документи: објавени 40 години откако протекоа во јавноста


Пентагонски документи: објавени 40 години откако протекоа во јавноста
Пентагонски документи: објавени 40 години откако протекоа во јавноста

Ова е по првпат тие целосно да бидат објавени, а истовремено и достапни на Интернет

Американската национална архива ги објави целосните Пентагонски документи, 40 години откако делови од тогаш тајната владина студија беа објавени во Њујорк тајмс.

Строго-доверливите документи на Одделот за одбрана покажаа дека САД тајно го ескалирале судирот во Виетнам, залажувајќи го Конгресот, американската јавност и американските сојузници. Откривањето на овие информации го зајакна противењето на војната и ја зголеми јавната недоверба во владата.

Студијата што ја нарача тогашниот секретар за одбрана Роберт Мекнамара ги опфаќа односите САД – Виетнам уште од 1945-та година. Поранешниот армиски аналитичар Даниел Елсбург започна да достава информации од студијата до Њујорк тајмс во 1971-ва. Претседателот Ричард Никсон потоа се обиде да го спречи објавувањето на тајните документи и битката на крај заврши во Врховниот суд.

Иако поголемиот дел од студијата веќе беше достапен во јавноста, ова е по првпат таа целосно да биде објавена, а истовремено и достапна на Интернет.

XS
SM
MD
LG