Линкови за пристапност

Сопругата на кинескиот нобеловец во куќен притвор


Сопругата на кинескиот нобеловец во куќен притвор
Сопругата на кинескиот нобеловец во куќен притвор

Кина ја осудува неодамнешната одлука на Нобеловиот комитет нарекувајќи го добитникот „криминалец“.

Полицијата и` одреди куќен притвор на Лиу Ксиа, сопругата на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо, овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за мир.

Ксиа преку социјалната мрежа Твитер, во неделата соопшти дека не може да го напушти својот дом во Пекинг откако властите дента и` дозволиле да го посети нејзиниот сопруг. Таа додаде дека и` е прекината и телефонската линија.

Кина ја осудува неодамнешната одлука на Нобеловиот комитет нарекувајќи го добитникот „криминалец“, ги цензурира информациите за неговата награда и задушува секакви прослави поврзани со неа. Кинеските власти го уапсија Лиу во декември 2008-та година и му одредија 11-годишна казна затвор заради, „обид за соборување на државната власт“.

XS
SM
MD
LG