Линкови за пристапност

Заев: Волја за помирување има, но, не смеат да се поминат црвените линии


Заев: Волја за помирување има, но, не смеат да се поминат црвените линии
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Договорено е трите подгрупи што беа формирани во рамките на телото да дадат нивни сугестии и предлози до вторник

Има политичка согласност за изготувување и усвојување закон за амнестија што би се однесувал на собранискиот инцидент од 27 април.

Консезусот за ова прашање е постигнат на денешна втора седница на Собраниското тело за помирување, реформи и интеграција, на кое присуствуваше и премиерот кој самиот ја иницираше потребата од процес на помирување.

Прашањето е до каде би се одело со таа амнестија и кој се би бил опфатен.

„Волја постои, но, не смеат да се поминат црвените линии и да влијаеме врз судскиот систем. Треба да се разграничи што е тоа физичко насилство, организација и осмислување, а што е некој да биде заведен и понесен од топла. Треба да се согласиме дека терористичко загрозување на поредокот не е нешто што треба да ги опфати сите. Треба да направиме јасна дистинкција, пораката на помирување треба да постои, но, исто така треба да постои и пораката на неповторување на вакви работи“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.

Договорено е трите подгрупи што беа формирани во рамките на телото да дадат нивни сугестии и предлози до вторник.

Понатаму ќе бидат консултирани правни екксперти, кои ќе треба декларираната политичка волја да ја преточат во законско решение.

„Овие три процеси се поврзани - интеграција, реформите и помирувањето. Знаеме дека еден без друг нема да го дадат решението да застанеме на вистинскиот пат“, вели Емилија Александрова, копретседавач со Собраниското тело за помирување.

Фросина Ременски, копретседавач со истото тело вели дека е важно меѓу сите ученици во работата на телото да има консензус, и оти патот на Македонија кон помирувањето мора да почне од Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на ова тело. Пред неколку дена Собранието го отфрли Предлог-законот на најголемата опозициска партија за целосна аменстија за настаните од 27-ми април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG