Адвокатскиот тим на дел пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа обвинети за учество во настаните во Собранието на 27-ми април, поднеле тужби до Меѓународнуиот суд во Стразбур поради, како што велат тие, незаконско приведување на пратениците.
Веќе добиле повратен одговор дека предметот бил примен за работа.
„Претежно се осврнуваме на повредите кои се направени во постапката. Приведен е во период кога имал имунитет, како и третманот кој го добил од страна на органите на прогонот. Апликацијата се однесува на периодот се` до преиначувањето на притворот во куќен притвор, или периодот до покренување на обвинение“, вели Михаил Кичеец, адвокат на пратеникот Крсто Мукоски.
Апликација до Стразбур е поднесена и за пратеникот Сашо Василевски, со слични наводи како и за Мукоски.
Кичеец вели дека бараат финансико обештетување од страна на државата. За колку време Судот би донел одлука, не можат да кажат.
„За вакви предмети нема некоја строга пракса во однос на времето. Сите се индивидуални во зависност од околностите.Тука околностите се доста комплицирани“, вели Кичеец.
Во меѓувреме на 22-ри август, почнува судењето за собраниските настани во кои се обвинети 33 лица.
На 31 од нив, ќе им се суди за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а на двајца за помагање.
„Фактот дека се повеќе од триесет лица кои се обвинети, не гарантира објективни можности да се спроведе фер и законита постапка, особено што истата постапка се обидуваат да ја спакуваат во 37 закажни рочишта, почнувајки од 22-ри август до крајот на ноември. Вакви постапки не се водат никаде во светот на тој начин“, изјави адвокатот Игор Кичеец.
Но, координаторот на пратеничата група на СДСМ Томислав Тунтев, вели дека неопходно е целосно расчистување и судска разрешница за настаните од 27-ми април.
„Ако сега им се даде амнестија на тие што вршеле злоупотреби на власта, односно на тие што ги смислиле, организирале и спровеле случувањата на 27-ми април, тоа ќе значи дека во Македонија не владеат правото и правната држава. Тоа ќе значи дека Македонија не го исполнува основниот услов за членство во НАТО и ЕУ“, изјави Томислав Тунтев, пратеник од СДСМ.
Тунтев вели дека секој граѓанин има право да си ја бара правдата пред домашните и меѓународните судски истанци, доколку смета дека му биле загрозени неговите уставни и законски права.
Сепак, смета дека надлежните органи треба детално да испитаат дали постоело какво било пречекорување на овластувањата од страна на припадниците на МВР.
Facebook Forum