Линкови за пристапност

Интерпелација на Владата може да ги одложи реформските закони


Утрешната интерпелација на Владата ги одложи реформските закони
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Гласањето на законите е закажано за в четврток

Утре во 11 часот стартува собраниската седницата на која, како што побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ќе се расправа за доверба на владата на СДСМ и на ДУИ.

По 10-месечно владеење Зоран Заев и мнозинствотo, првпат директно, преку инструмент за политичка контрола на Владата, ќе се соочат со опозицијата која посакува смена на власта.

Истовремено, по неколку месеци пауза, со утрешната интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ и официјално се враќа во Парламентот.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за дискусија за работата на оваа Влада во изминатите десет месеци. Очекувам поддршка од сите пратеници на кои државните им се пред партиските интереси“, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи ја предвид ситуацијата во Парламентот и распределбата на силите, како и фактот дека на интерепелацијата се потпишани само 41 пратеник, а за да помине неопходни се 61 глас „за“, мнозинството е уверено дека иницијативата ќе биде неуспешна.

„Поразително е за една голема политичка партија да бара изговор и да го најде погрешниот начин да се врати во Собранието. Ако ова е големата врата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш навистина сме малку разочарани. Како и да е, барањето е сосема легитимно и всушност нам ни отвора простор да ги реафирмираме сите позитивни политики на оваа Влада во последните десет месеци“, изјави Томислав Тунтев од СДСМ.

Утрешната интерпелација го помести календарот - наместо за денеска, гласањето за реформските закони е закажано за в четврток.

Станува збор за измените на Законот за заштита на сведоци, за Законот за судовите, Законот за јавно обвинителство и за Законот за кривична постапка, како и пакетот закони за реформа на безбедносните служби.

Сите треба да се усвојат до крајот на неделата, за Македонија да може да очекува безусловна препорака од ЕК за старт на преговорите за членство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG