Линкови за пристапност

Лек за главоболка драстично го намалува ризикот од Паркинсонова болест


Лек за главоболка драстично го намалува ризикот од Паркинсонова болест
Лек за главоболка драстично го намалува ризикот од Паркинсонова болест

Научниците најавуваат дополнителни истражувања за влијанието на ибупрофенот на веќе заболени лица

По шестгодишно истражување од страна на преку 136.000 медицински сестри и здравствени експерти, научниците од Универзитетот Харвард откриле дека лицата кои за главоболка или друг вид болка го земаат лекот ибупрофен, можно е да го намалат ризикот од добивање Паркинсонова болест за речиси 40 проценти.

Земање на една до две таблети ибупрофен два или повеќе пати неделно, се смета за негова вообичаена употреба. Други лекови против болка кои можат да се земат без рецепта, вклучувајќи го аспиринот и ацетоминофенот, не покажале слични предности за заштита на здравјето.

Научникот Алберто Аскеро вели дека ибопрофенот се чини оти влијае на невролошката патека што се смета дека е имплицирана во развивањето на Паркинсонова болест. Болеста предизвикува тешкотии во движењето и неконтролирано тресење на мускулатурата.

Треба да се нагласи дека во оваа фаза на истражувањето, вели Аскеро, експертите не препорачуваат луѓето да почнат да земаат ибупрофен само да ја спречат појавата на Паркинсоновата болест, што во најголем број случаи напаѓа лица на 65-годишна возраст или постари.

„Паркинсоновата болест е релативно ретка болест, така што не очекуваме милиони луѓе да почнат да земаат ибупрофен само са да ја спречат нејзината појава“, вели Аскеро.

Од негативните аспекти, доколку не се користи правилно, ибупрофенот може да предизвика проблеми со стомакот, бубрезите, црниот дроб и уринарниот тракт.

Аскеро додаде дека научниците планираат да работат на прашањето дали овој лек може да биде од корист за оние кои веќе се дијагностицирани со Паркинсонова болест. Според најновите проценки, во светот има околу шест милиони луѓе со оваа дијагноза.

Студијата за можната врска меѓу ибупрофенот и помалиот ризик од појава на Паркинсоновата болест, е објавена во журналот Неврологија.

XS
SM
MD
LG