Линкови за пристапност

22-ца загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан


22-ца загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
22-ца загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан

Властите соопштија дека целта на напад бил објект кој се сметал за засолниште на бунтовниците во северозападниот дел на земјата

Пакистанските претставници веруваат дека во напад, наводно од американски беспилотни летала, биле исфрлени најмалку четири гранати врз куќа во племенски регион во близина на авганистанската граница, при што загинале најмалку 22 лица.

Властите соопштија дека целта на денешниот напад бил објектот кој се сметал за засолниште на бунтовниците во северозападниот дел на Пакистан.

Надлежните веруват дека многумина членови на Талебан и Ал-Каида живеат во областа и ја користат како база за изведување на напади на територијата на Авганистан.

Вчера, командантот на пакистанската армија, генералот Ашкаф Кајани, кажа дека Пакистан е против вакви напади и ги отфрли американските наводи дека земјата е пасивна во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG