Линкови за пристапност

САД и Пакистан водат стратешки дијалог


САД и Пакистан водат стратешки дијалог
САД и Пакистан водат стратешки дијалог

На понудата се гледа како на дел од напорите за намалување на тензијата од неодамнешните воени напади на НАТО и САД врз пакистанската страна од границата.

Американски и пакистански претставници во среда се среќаваат во Вашингтон да ја отпочнат третата рунда на стратешки разговори што започнаа порано годинава.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот пакистански колега Шах Мехмуд Куреши ќе го предводат тридневниот дијалог чиј фокус е земјоделството, водата, одбранатa и спроведувањето на правото.

САД се очекува на Пакистан да му понудат до две милијарди долари во наредните пет години, како помош во борбата против бунтовниците долж границата со Авганистан.

На понудата се гледа како на дел од напорите за намалување на тензијата од неодамнешните воени напади на НАТО и САД врз пакистанската страна од границата. Тензиите се интензивираа и заради американското нетрпение околу двоумењето на Пакистан да се справи со бунтовниците.

Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во средата во Пентагон се сретна со својот пакистански колега генералот Ашфак Кајани. Портпаролот на Пентагон истакна дека Гејтс го изразил своето задоволство за армискиот придонес на Пакистан и пожртвуваноста во борбата против тероризмот.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс во вторникот изјави дека Пакистан ја зголемува својата соработка и дека овонеделните средби ќе бидат можност за американските претставници да изложат пред своите пакистански колеги што преостанува да се стори.

И американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа со своите советници на национална безбедност ќе разговара за ситуацијата во Пакистан и Авганистан.

XS
SM
MD
LG