Пакистанската армија поднесе „остар протест“ до НАТО, откако, како што вели, со напад со два хелихоптера го прекршила воздушниот простор на Пакистан.
Протестот уследи неколку ласови откако пакистанските претставници изјавија дека хелихоптери на НАТО ја преминале границата со Авганистан и извел напад во кој биле повредени двајца пакистански војници.
НАТО потврди дека негови хелихоптери надлетувале во близина на границата и во тек е истрага по инцидентот.
Случајот најверојатно ќе придонесе за заострување на тензиите меѓу Исламабад и Вашингтон и покрај посетата на американскиот сенатор Џон Кери на Пакистан во обид да ги подобри билатералните односи.