Американската амбасада во Исламабад соопшти дека продолжува со работа заедно со конзулатот во овој град, но конзулатите во Пешавар и Лахор привремено се затворени за „рутински бизнис“, но и натаму ќе понудат вонредни услуги за американските државјани.
Стејт департментот ги предупреди Американците кои живеат во странство да бидат дополнително претпазливи, заради стравувањата од можни одмазднички напади по смртта на лидерот на Ал Каида.