Според весникот Вашингтон пост, Централната разузнавачка агенција – ЦИА користи осовременета технологија во Пакистан за прецизно извршување на напади врз бунтовниците и истовремено намалување на бројот на цивилни жртви на минимум.
Весникот наведува дека ЦИА наоружува одредени беспилотни летала со, како што го нарекува „мало умно оружје“. 55-сантиметарското оружје е познато под името „Шкорпија“.
Вашингтон пост цитира анонимни американски претставници кои велат дека бомбата, тешка 16 килограми, може да биде опремена со најмногу четири различни водечки системи, со чија помош може да погоди еден, одреден човек, на пример, и тоа во темница.
Во написот се наведени и други неодамнешни иновации за минимизирање на цивилните жртви, вклучувајќи ја и боевата глава за поголема бомба што може да усмрти луѓе без да уништи објекти, а разузнавачките активности се подобрени и преку употреба на мали и тешко видливи беспилотни летала.