Линкови за пристапност

Талебан ја презеде одговорноста за нападот врз конзулат на САД во Пешавар


Талебан ја презеде одговорноста за нападот врз конзулат на САД во Пешавар
Талебан ја презеде одговорноста за нападот врз конзулат на САД во Пешавар

Нема извештаи за американски граѓани меѓу повредените или загинатите

Талебан ја презеде одговорноста за нападот врз американскиот конзулат во Пешавар, Пакистан, во понеделникот, при што загинаа најмалку два лица.

Во соопштение од американската амбасада во Исламабад се вели дека најмалку двајца пакистански стражари биле убиени во координиран напад со огнено оружје, граната и автомобил бомба, додека неколку други биле сериозно повредени.

Соопштението вели дека САД го осудуваат терористичкиот напад.

Безбедносни официјални лица велат дека автомобил бомба експлодирал на контролниот пункт пред конзулатот, а милитанти потоа фрлиле гранати и употребиле друго оружје во обид да влезат во зградата. Полицијата веднаш ја затворила областа.

Нема извештаи за американски граѓани меѓу повредените или загинатите.

Порано во понеделникот, властите велат дека во напад на бомбаш самоубиец загинале најмалку 41 лице, а повредени се голем број други за време на политички собир во областа Долен Дир.

Националаната партија Авами, која е на чело на владечката коалиција во Северозападната провинција, се собрала за разговор за промена на името на провинцијата.

Партијата Авами ги поддржува воените операции против Талебан и исламските милитанти во Пакистан.

XS
SM
MD
LG