Линкови за пристапност

Втор ден разговори САД-Пакистан во Вашингтон


Втор ден разговори САД-Пакистан во Вашингтон
Втор ден разговори САД-Пакистан во Вашингтон

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши четвртокот оцени дека неговата делегација имала „мошне задоволителни“ разговори за спогодба за нуклеарна соработка во цивилниот сектор.

Виши американски и пакистански претставници веќе втор ден се среќаваат во Вашингтон во рамки на стратешки дијалог меѓу двете земји.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши четвртокот оцени дека неговата делегација имала „мошне задоволителни“ разговори за спогодба за нуклеарна соработка во цивилниот сектор. Во интервјуто за новинската агенција Ројтерс тој сепак не даде детали за разговорите.

Вашингтон веќе има потпишано нуклеарен договор со пакистанскиот конкурент и сосед Индија, но американски претставници имаат изјавено дека се двоумат дали да склучат слична спогодба со Пакистан. Ова оттаму што официјален Исламабад долго време се оглушуваше на американските барања да го испраша основачот на пакистанската нуклеарна програма Абдул Кадир Кан, кој има признато дека продавал нуклеарна технологија на Иран, Либија и Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG