Командантот на пакистанската армија, генералот Ашкаф, по денешната средба со началникот на Американскиот здружен генералштаб, адмиралот Мајк Мулин, ја отфрли критиката дека земјата не чини доволно во војната против тероризмот.
Мулен, кој се наоѓа во дводневна посета на Пакистан истакна дека некои членови на пакистанското разузнавање имаат долгогодишни врски со милитантите од Авганистан.
Пакистан ги отфрли наводите.