Линкови за пристапност

ОН бараат 460 милиони долари за помош на жртвите од поплавите во Пакистан


Од поплавите досега загинаа најмалку 1.600 лица, а уништени се или оштетени околу 288.000 домови, главно во провинциите Кајбер-Пактунква, Пунџаб и Синд.

ОН бараат 460 милиони долари за помош на настраданите од поплавите во Пакистан. Светската организација ситуацијата ја опиша како „голема катастрофа“, што причинила „огромна штета и страдање“.

Раководителот на Одделот за хуманитарна помош на ОН Џон Холмс, изјави дека агенциите на светската организација и други групи ќе ја искористат помошта за поддршка на владата на Пакистан во обезбедување на засолништа, храна, вода и лекови за шест до седум милиони погодени жители.

ОН велат дека меѓународните донатори досега придонеле или ветиле 156 милиони долари за помош на Пакистан. ЕУ го зголеми првичното ветување од 13 милиони долари на 52 милиона.

Од поплавите досега загинаа најмалку 1.600 лица, а уништени се или оштетени околу 288.000 домови, главно во провинциите Кајбер-Пактунква, Пунџаб и Синд.

Холмс предупреди од пораст на бројот на смртните случаи во Пакистан, доколку не се забрза процесот на достава на хуманитарната помош.

XS
SM
MD
LG