Линкови за пристапност

Закана од болести за жртвите од поплавите во Пакистан


Закана од болести за жртвите од поплавите во Пакистан

САД досега обезбедија преку 76 милиони долари хуманитарна помош за оваа земја.

Хуманитарните работници велат дека појавата на болести претставува нов ризик за жртвите од најкатастрофалните поплави во Пакистан со децении наназад.

Властите соопштија дека недостатокот на чиста вода за пиење и санитарни услови се главната причина за појава на дијареа и кожни болести.

Спасувачките екипи стравуваат дека заради најновиот развој на настаните, може да дојде до пораст на бројот на смртни случаи. Засега од двонеделните поплави во Пакистан се регистрирани околу 1.600 загинати.

Пакистанскиот министер за надворешни работи изјави дека Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, ќе ја посети земјата во сабота. Светската организација апелира да се обезбедат 460 милиони долари за итна помош на погодените области во храна, засолништа и чиста вода за пиење.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека претседавачот со Сенатската комисија за односи со странство Џон Кери, наредната недела ќе отпатува за Пакистан за да изврши увид на штетата. Од Стејт департментот додадоа дека САД досега обезбедиле преку 76 милиони долари хуманитарна помош за оваа земја.

XS
SM
MD
LG