Линкови за пристапност

ОН: Поплавите во Пакистан полоши од претходните три катастрофи заедно


Најтешко погодена е областа Кајбер-Пактунква. Во долината Сват и натаму се отсечени од светот повеќе од 600.000 лица.

Поплавите во Пакистан по обемот на несреќата можеби се полоши од трите последни природни катастрофи заедно: земјотресот во Хаити во јануари, цунамито во 2004-та и земјотресот во Пакистан во 2005-та, соопштија ОН.

Бројот на загинати во секоја од нив беше многу поголем од 1.600-те досега загинати во Пакистан, но портпаролот на Агенцијата на ОН за хуманитарна помош Маурицио Џулијано понеделникот соопшти дека од поплавата се погодени два милиона луѓе на кои ќе им биде потребна некаква помош за да се опорават.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани понеделникот ги посети погодените области во покраината Пунџаб, каде изјави дека катастрофата е најлоша во историјата на земјата.

Најтешко погодена е областа Кајбер-Пактунква. Во долината Сват и натаму се отсечени од светот повеќе од 600.000 лица.

XS
SM
MD
LG