Линкови за пристапност

Бомбаш-самоубиец уби 23 лица во Пакистан


Меѓу убиените има полицајци и демонстранти. Биле повредени најмалку 30 лица

Најмалку 23 лица загинале кога бомбаш-самоубиец активирал експлозив на преполн пазар во северозападниот град Пешевар, јави пакистанската полиција.

Напаѓачот целел на полицајци кои обезбедувале протест против рестрикции на електрична енергија. Собирот го организирала тврдокорната исламистичка партија Џамат-е-ислами.

Меѓу убиените има полицајци и демонстранти. Биле повредени најмалку 30 лица.

Неколку часа претходно, во експлозија на бомба пред државно училиште за полицајци во Пешевар загинало едно, а биле повредени 10 момчиња.

Покраинскиот министер за информации Ифтикар Хусеин за Гласот на Америка изјави дека бомбашките напади во Пешавар се дело на екстремисти на Талебан и се во знак на одмазда за растурањето на нивните бази од страна на силите за безбедност.

XS
SM
MD
LG