Линкови за пристапност

САД бараат Пакистан да го ослободи Американецот обвинет за убиство


САД бараат Пакистан да го ослободи Американецот обвинет за убиство
САД бараат Пакистан да го ослободи Американецот обвинет за убиство

Стејт департментот вели дека конзуларниот претставник Рејмонд Дејвис има дипломатски имунитет; медиумите тврдат дека е агент на ЦИА

Стејт департментот инсистира дека американскиот конзуларен претставник Рејмонд Дејвис, кој беше притворен во Пакистан, има дипломатски имунитет и треба да биде ослободен. Медиумите, пак, шпекулираат дека е агент на ЦИА.

Вашингтон пост, Њујорк тајмс и Асошиетед прес пренесуваат неименувани американски претставници дека Дејвис е безбедносен договорен соработник на ЦИА. Сите три медиуми наведуваат дека американски разузнавачки лица претходно ги замолиле да не објавуваат написи за професијата на Дејвис, стравувајќи дека тоа ќе го стави во опасност додека е притворен во Пакистан. Според написите обајвени вчера и денес, тоа барање подоцна било укинато.

Портпаролот на Стејт департментот Филип Краули понеделникот изјави дека САД се загрижени за безбедноста на Дејвис, како и дека веруваат дека реагирал во самоодбрана кога застрелал двајца Пакистанци. Дејвис тврди дека тие се обиделе да го ограбат во Лахоре.

Краули одби директно да коментира на наводите дека ЦИА го најмила Дејвис.

Пакистанската полиција ја одби верзијата на Дејвис за инцидентот и го обвинува дека извршил убиство.

XS
SM
MD
LG