Линкови за пристапност

Пакистан осуди воздушни напади на НАТО


Пакистан осуди воздушни напади на НАТО
Пакистан осуди воздушни напади на НАТО

Алијансата тврди дека загинале најмалку 30 милитанти како и дека меѓу нив нема цивили. Авганистанските власти велат дека бројот е најмалку 60-тина.

Пакистанските власти упатија протест против несекојдневните, прегугранични воздушни напади на НАТО на пакистанска територија во кои загинале десетици милитанти.

Пакистанското Министерство за надворешни работи понеделникот соопшти дека нападите се очигледно кршење на суверенитетот на земјата и пречекорување на мандатот според кој оперираат силите под команда на НАТО во Авганистан.

НАТО соопшти дека хеликоптери на Алијансата петокот во самоодбрана накусо преминале и престојувале на територијата на Пакистан, откако од пакистанска страна на границата бил нападнат зафрлен пункт во источната авганистанската покраина Кост. Во последователна воздушна акција неделата, два хеликоптера на НАТО се вратиле во пограничната област и биле нападнати, по што убиле уште неколкумина бунтовници.

Алијансата тврди дека загинале најмалку 30 милитанти како и дека меѓу нив нема цивили. Авганистанските власти велат дека бројот е најмалку 60-тина.

Пакистанските погранични племенски области се во најголем дел под контрола на милитанти кои редовно вршат напади против силите на НАТО во соседен Авганистан.

XS
SM
MD
LG