Линкови за пристапност

2011-та: поглед во иднината


2011-та: поглед во иднината
2011-та: поглед во иднината

Нанотехнологијата, биотехнологијата и информационата технологија заедно креираат нови начини за помош на пациентите.

Тим Мак е на чело на Здружението за иднината на светот, организација која еднаш годишно објавува предвидувања како економијата, технологијата и општеството го образуваат светот. Вели, светла точка во прогнозата за 2011-та е медицината.

„Изненаден сум од енормниот развој на медицинската технологија“, коментира Мак.

Нанотехнологијата, биотехнологијата и информационата технологија заедно креираат нови начини за помош на пациентите. Тоа за Мак значи дека се отвораат нови начини на давање лекарска нега и нови начини на внатрешно дијагностицирање без оперативен зафат.

Во однос на животната средина, Здружението предвидува дека проблемите од климатските промени ќе продолжат да растат. Мак ја идентификува Кина како еден од најголемите придонесувачи за тоа.

„Кинеското противење да го намали производството на јаглен за електична енергија предизвикува загадување што се шири на глобално ниво“, вели тој.

Па сепак, Мак наведува дека доаѓа нова генерација Кинези кои се обидуваат да ја променат државната политика кон животната средина.

За економијата, Мак смета дека иако економската криза во САД довела до промена на начинот на водење на бизнис, иднината и натаму е неизвесна. Компаниите ги укинуваат вообичаените пензиски и здравствени придонеси, вели тој, и неизвесно е дали воопшто ќе ги вратат.

XS
SM
MD
LG