Линкови за пристапност

Оскарите и модата


Оскарите и модата
Оскарите и модата

Долго по доделувањето на наградите, Америка ќе говори за најдобро и најлошо облечените на церемонијата

На доделувањето на престижните награди Оскар, актерите буквално вложуваат се` за да се претстават во најдобро светло, пред се` во гардеробата. Сезонава се чини дека актерките дури и ризикуваат кога станува збор за изборот на бојата, но и во покажувањето на непрокриени делови од телото.

Кога станува збор Оскар-модата, на ум веднаш доаѓа класичниот изглед како оној на Џулија Робертс, на пример, кога ја доби наградата за најдобра женска улога во филмот „Убава жена“.

Зелената боја беше неизбежна на фустанот на Никол Кидман во 1997-та, а во 2002-ра изборот на Хали Бери беше незаборавен, подеднакво со нејзиниот говор по доделување на Оскарот.

Модните критичари без двоумење можат да ги издвојат Одри Хепурн и Грејс Кели, како примери за стил и вкус во `50-те години.

Се` на се` низ годините се разви трендот публиката да праша – не што мислат глумците, туку што носат!

А меѓу глумците, некои ќе останат незаборавни по – ексцентричноста во облекувањето. Доказ е Бјорк со фустанот – лебед во 2001-та, или пак овој на Шер.

Годинава, во најмала рака има една актерка која е подготвена да ризикува.

„Најверојатно ќе изгледам катастрофално“, вели Хелена Бонам Картер. Со тоа како се појави на церемонијата на доделувањето на Златните глобуси, се чини дека многумина се во – исчекување на нејзиниот избор на гардероба за Оскарите.

XS
SM
MD
LG