Линкови за пристапност

„Говорот на кралот“ доби Оскар за најдобар филм

„Говорот на кралот“ доби Оскар за најдобар филм
„Говорот на кралот“ доби Оскар за најдобар филм

Драмата однесе награди и за најдобра главна машка улога, режија и оригинално сценарио

„Говорот на кралот“, драма за британскиот крал Џорџ VI-ти, доминираше на синоќешното доделување на наградите Оскар, што во Холивуд по 83-ти пат ја организираше Американската филмска академија.

Драмата доби награди за најдобар филм, главна машка улога, режија и оригинално сценарио.

Колин Фирт освои Оскар за улогата на британскиот крал Џорџ VI-ти и неговите проблеми со пелтечењето. Натали Портман ја однесе наградата за најдобра женска улога во „Црниот лебед“.

Мелиса Лио и Кристијан Бејл добија Оскари за споредна женска и машка улога во ист филм – „Боксер“.

Данскиот „Во еден подобар свет“ стана најдобар странски филм. „Социјална мрежа“, базиран на приказната за основачот на Фејсбук, доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

This item is part of
XS
SM
MD
LG