Линкови за пристапност

Профил на Осама бин Ладен


Профил на Осама бин Ладен
Профил на Осама бин Ладен

Заврши потрагата по најбараниот терорист во светот; американски специјални сили го убиле бин Ладен во Пакистан

Обвинет за терористички злосторства на најмалку три континента Осама бин Ладен беше цел на можеби најголемата потрага на САД во историјата.

По катастрофалните напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2011-та, претседателот Буш јавно вети дека ќе се вложат сите напори да се пронајде осмислувачот на нападите, Осама бин Ладен.

„На Дивиот Запад беше познат постерот „Се бара жив или мртов“. Се` што сакам јас и Америка, е да го стигне правдата“, изјави Буш.

Роден на 10-ти март 1957-та, Осама бин Ладен бил едно од 50 деца на богатиот саудиски бизнисмен кој починал кога Осама бил тинејџер.

Неговиот живот во 1979-та се променил засекогаш, кога тогашниот Советски Сојуз изврши инвазија на Авганистан.

Бин Ладен, како и многумина муслимани го напуштил домот и се приклучил на борбата против Советите, иако на почетокот давал само логистичка поддршка за новите регрути во Авганистанската муџахединска исламска единица, истата која ја поддржувале и САД.

Но кон средината на 80-те, бин Ладен одлучил да искористи дел од неговото семејно богатство и да формира сопствена паравојска што подоцна стана позната како ал Каида, што на апрапски значи „База.“

По повлекувањето на советските трупи, бин Ладен се вратил дома, но оддржува контакти со ветераните од војната во Авганистан и пројавувал интерес за други муслимански каузи.

Друга пресвртница во неговиот живот се случила во 1990-та година кога Ирак изврши инвазија на Кувајт, и како резултат Саудиска Арабија ги покани американските трупи да се распоредат на нејзина територија.

Бин Ладен остро реагирал на овој чекор и ја напуштил Саудиска Арабија во 1991-та година.

Пребегал во Судан, од каде се верува дека ги осмислувал нападите врз американската армија во Сомалија и Саудиска Арабија. Под притисок од САД, Суданците го протераа бин Ладен од своја територија во 1996-та година, по што тој се вратил во Авганистан.

Иако се инволвирал во авганистанската политика, Осама бин Ладен останал вмешан во неговата глобална борба против САД. Тој наводно ги осмислил бомбашките напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1993-та.

Да се сопрат активностите на овој човек стана приоритет на САД по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во 2001-та година, кога загинаа преку 3.000 лица.

Кога Талебан одби да го предаде водачот на Ал Каида на американските власти, САД поведоа војна соборувајќи го Талебан од власт во Авганистан во 2001-та, а Осама бин Ладен оттогаш беше во бегство.

Низ годините, тој објави неколку аудио снимки осудувајќи ја политиката на САД и предизвикувајќи огромна фрустрација во Вашингтон – фрустрација која сега заврши.

XS
SM
MD
LG