Линкови за пристапност

Бомбашот од Орегон на суд во Портланд


Бомбашот од Орегон на суд во Портланд
Бомбашот од Орегон на суд во Портланд

Властите велат дека тајни агенти му подметнале лажен експлозив откако дознале за наводниот заговор минатата година

Американски тинејџер од сомалиско потекло ќе биде изведен пред федерален суд под обвинение за обид за разнесување на автомобил-бомба во северозападниот град Портланд, сојузната држава Орегон.

Обвинителството го товари 19-годишниот Мухамед Осман Мухамад за обид да активира бомба во комбе пред церемонијата на осветлување на божиќно дрво во петокот.

Властите велат дека тајни агенти му подметнале лажен експлозив откако дознале за наводниот заговор минатата година.

Изведувањето пред суд доаѓа еден ден откако избувна пожар во џамија која Мухамад ја посетувал.

Пожарникарите од градот Корвалис во Орегон велат дека најверојатно се работи за намерно подметнат пожар, но не знаат кој стои зад тоа.

XS
SM
MD
LG