Американците даваат прекари на се` и на сешто. Њујорк е „Големото јаболко“, Далас, во Тексас е „Големото Д“, дури постои и „Град на цемент“, алудирајќи на Алентаун, во Пенсилванија.
Прекари им се даваат и на сојузните држави, како од сентиментални, така од промотивни причини. Аризона, на пример, е „Државата на големиот кањон“ , а Флорида „Сончева држава“, што се предвидливи прекари.
Но, има и такви што веројатно нема да ги погодите.
Конектикат, на пример, се нарекува „Држава на морско оревче“, но не заради зачинот од овој плод – вредната карго пратка што морепловците од оваа сојузна држава ја носеле од трговските патувања во Азија. Јенките од Конектикат, како што се нарекуваат жителите на оваа сојузна држава, имаат репутација за остроумно водење на бизнисот. Толку добри за бизнис што се сметало дека можат да продадат лажни дрвени морски оревчиња на странци.
Сојузната држава Индијана се нарекува „Држава Хосиер“, но никој не знае точно зошто. Една од теориите е дека првите доселеници биле малку нервозни отварајќи ги своите врати, велејќи – “Who’s Zher?” Затоа не е за чудење што државната легислатива претпочита Индијана да се нарекува „Крстопат на Америка“.
Шест сојузни држави пак своите прекари ги преземале од имиња на животни. На пример, Северна Дакота се вика „Држава фликертеил“. Фликертеил не е птица, туку пргава мала верверичка.
Мисури е „Покажувачка држава“. Ова потекнува од примитивниот скептицизам и тврдоглавост по кои биле познати нејзините жители.
Јута е „Држава – пчеларник“ , иако таму нема повеќе пчерарници од на друго место. Потекнува од симболот на Мормонската црква, а го има насекаде – од влезови на продавници до официјалниот грб на државата.
Ако на цели држави се дава прекар, САД треба да бидат „Нација на прекари“.